Fonko NA
| English |  
Во бизнисот со повеќе од 15 години искуство ние сме лидери. Дозволете нашето искуство да работи за вас!

СИГУРНОСТ
– цел на Национална Сервисна Мрежа

Мрежата за редовно сервисирање и одржување, ефикасно ја зголемува продуктивноста на производната опрема и технологија, изразена преку зголемување на економските показатели и профитот.

Најдобар начин за намалување на загубите поради расипување на опремата, но и  за постигање на оптимална ефикасност, се остварува преку добро планирање на сервисирањето и одржувањето, при што  искуството, тимската работа и обученост на сервисните екипи се од пресудно значење.

Отстранување на причинителите на проблемите и справување со застои во работата

Успешното сервисирање и одржување во најголема мерка ја подига на повисоко ниво безбедноста на функционирањето на работните процеси со што се обезбедуваат квалитетни услуги и производи  кон корисниците и секако намалување на трошоците на работење.

Националната сервисна мрежа обезбедува континуирано намалување на тршоците на работење, се до постигнување на оптимално – ниско ниво на трошоци, со задржување на исто ниво на активности.
 
Поставување на догорочни и краткорочни задачи поврзани со управување со просторот, согласно со претходно усвоените стратегии, концепти и принципи за управување со просторот во фирмата.   

МОНИТОРИНГ
– согледување и проценка на состојбите

Врз основа на планот за рационализација за користење на деловниот простор, кој содржи технички, финансиски и параметри за управување и работење, т.е. одржување на просторот и објектите кои се користат за суштински активности на компанијата, се изработуваат мерки за решавање на краткорочните неефикасности ( застареност, високи трошоци), но и за намалување на трошоците за одржување на просторот на долгорочна основа.

Навременото сервисирање на уредите и опремата е приоритетна обврска на секоја фирма која во работата користи комплексна опрема и техологија. Овој процес ги содржи трите главни чекори:
·  предвидување на можните застои,
·  превентивно дејствување,
·  одржување и сервисирање.

Навременото откривање и лоцирање на корените на можните оштетувања и застои во функционирањето, се основни за ефикасноста на НСМ.

БАЗА НА ПОДАТОЦИ


Планирање и распоредување на сервисирањето врз основа на база на податоци за технички карактеристики и специфики на опремата и претходното искуство со зачестеност на расипување на одделни сегменти или уреди во целина,  врз база на влезните податоци:
·  Деловни, кадровски и технички стратегии на фирмата.
·  Информации од IT бази на податоци.
·  Податоци за состојби со претходна историја на одржување на просторот.

МОНИТОРИНГ 24 ЧАСА
– ПО ПОТРЕБА
-


Сервисирање на машински инсталации
Ладење
Греење
Вентилација

HELP DESK


Начин на организираност, прием на информации,  период на активен и пасивен прием итн.

Успешното сервисирање и одржување во најголема мерка ја подига на повисоко ниво безбедноста на функционирањето на работните процеси со што се обезбедуваат квалитетни услуги и производи  кон корисниците.